Утрински Весник
Свет

Британско аташе: Русите не успеаја да го опколат Киев

Британско аташе: Русите не успеаја да го опколат Киев

Британското Министерство за одбрана соопшти дека е речиси сигурно оти руската офанзива не успеала во целта да го затвори обрачот околу Киев.

„Изјавите на Русија за намалување на активностите околу Киев и извештаите кои укажуваат на повлекување на некои руски единици од овие области може да укажуваат на прифаќањето на Русија дека сега ја изгубила иницијативата во регионот“, изјави британскиот воен аташе Мик Смит.

„Многу е веројатно Русија да се обиде да ја пренасочи својата борбена моќ од север кон својата офанзива во регионите Доњецк и Луганск на исток“, рече тој.

Оваа оценка се согласува со претходните изјави на Пентагон.

– Русија не успеа во својата цел да го заземе Киев. Тоа не значи дека заканата за Киев е завршена – изјави претходно портпаролот на Пентагон.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега