Утрински Весник
Свет

Британски научник: Речиси е неизбежно да имаме по 100.000 новозаразени од Ковид-19 во еден ден

Британски научник: Речиси е неизбежно да имаме по 100.000 новозаразени од Ковид-19 во еден ден

Научен советник на британската влада изјави дека скоро е неизбежно бројката на нови случаи од Ковид-19 да достигне до сто илјади дневно.

Нил Фергусон, професор на Империјал колеџ во Лондон и член на британската владина научна советодавна група за итни случаи, изјави дека бројките можат двојно да се зголемат, пренесоа англиските медиуми.

На прашањето за тоа во која насока земјата ќе тргне по укинувањето на епидемиолошките мерки, Фергусон рече: „Тешко е да се каже со сигурност, но мислам дека сто илјади случаи на ден се скоро неизбежни“.

Фергусон истакна дека олеснувањето на мерките се совпаѓа со почетокот на училишните одмори, кога ќе има и многу помалку контакти меѓу тинејџерите.

“Речиси е сигурно дека ќе имаме околу сто илјади случаи на ден. Вистинското прашање е – дали овие бројки ќе бидат уште поголеми? Кристалната топка веќе не работи тука. Може да имаме две илјади хоспитализирани на ден и двесте илјада случаи, но тоа е многу неизвесно“, рече Фергусон.

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица