Утрински Весник
Свет

Британски епидемиолог убеден дека коронавирусот не потекнува од Кина

Британски епидемиолог убеден дека коронавирусот не потекнува од Кина

Еден од водечките светски епидемиолози, британецот Том Џеферсон, вели дека новиот коронавирус најверојатно не произлегол од Кина, како што се смета, особено сега кога знаеме дека траги од вирусот се пронајдени и во Шпанија во примероците од отпадните води од март 2019 година.

Џеферсон, кој работи во Медицинскиот центар при Универзитетот Оксфорд, рекол дека вирусот бил притаен, можеби и со години, пред да се активира кон крајот на минатата година.

Тој укажува на бројни студии кои го потврдиле присуството на вирусот во отпадните води, од Европа до Јужна Америка. Интересно е тоа што сите овие примероци се со постари датуми од првиот случај на заразата во кинескиот град Вухан.

Италијанските истражители пронашле траги од вирусот во Торино во примероците од декември минатата година, многу пред да бидат потврдени првите случаи на заразата со ковид-19 во оваа земја. Слично било и во Шпанија, каде било откриено присуство на вирусот во примероците од март 2019 година.

Тоа не значи дека вирусот произлегол од Шпанија, но исто така не дава потврда дека води потекло од Кина. Џеферсон вели дека и натаму е рано да се каже каде точно настанал вирусот.

Неговата теза засега не е широко прифатена во научната заедница, бидејќи не е првпат да предизвикува бурни реакции со неговите ставови.

Тој веќе беше на удар на јавноста кога зборуваше за вакцините против грип. Тој истакна дека многу податоци кои се користат во клиничките истражувања на таквите вакцини се сомнителни, поради што стана непожелен во многу академски кругови.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Светот во 2024 / САД – Избори како никогаш досега и “паразит што изел парче од мозокот на Кенеди”

Спречен терористички напад во Москва

Белгија без нова Влада и 200 дена по изборите