Утрински Весник
Свет
Img 7972

Британски доброволец од Мариупол: Мора да се предадеме, немаме храна и муниција

Британски доброволец од Мариупол: Мора да се предадеме, немаме храна и муниција
300x250 opst2

Семејството и пријателите на Британец кој се бори во Украина изјавија за Би-Би-Си дека им се јавил и им кажал дека неговата единица им се предава на руските сили.

Ајден Аслин, родум во Британија, е вклучен во борбите во Украина откако се преселил во земјата во 2018 година и се приклучил кон маринскиот корпус на украинската армија. Во последните недели, единицата на Ајден била вклучена во одбраната на Мариупол, град во јужна Украина кој е целосно уништен од руските сили од почетокот на инвазијата на Украина.

Неговата мајка Анг Вуд изјави за Би-Би-Си дека нејзиниот син и рекол дека единицата нема друг избор освен да се предаде.

„Ми се јави и рече дека веќе немаат оружје. Го сакам мојот син, тој е мојот херој. Се бореа како лавови. Звучеше добро“, изјави Анг Вуд за Би-Би-Си.

Неговиот пријател Бренан Филипс исто така рече дека се слушнал со него. Ајден му кажал дека неговата единица останала без храна и муниција и дека повеќе немаат друга опција освен да се предадат.

„Не може да излезе, не може да се бори. Немаа избор. Сигурен сум дека ќе го испукаа последниот куршум ако го имаа”, рекол Филипс.

Русија на почетокот на војната најави дека казнени ќе ги гони сите странски доброволци кои ќе се борат на страната на Украина.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир