Утрински Весник
Свет

Британски воени извори: Русите ќе се обидат да заземат уште два града

Dik 300x250 mk

Британски воени извори објавија дека веруваат оти Русија ќе се обиде да преземе уште два града во источна Украина, Краматорск и Северодонецк, пренесуваат светските агенции.

Според нивните написи, во дневниот брифинг објавен на Твитер, британското Министерство за одбрана соопштило дека Русија има околу 22 баталјони тактички групи во близина на Изум и дека се обидува да постигне напредок во таа област.

Русија користи т.н баталјонски тактички групи, пешадиски единици обично засилени со тенкови, воздушна одбрана и артилерија, според АП. Секоја група има околу 800 војници.

И покрај проблемите што ги има да ја пробие украинската одбрана и да добие замав, постои голема веројатност Русија да има намера да оди подалеку од Изум – да ги преземе градовите Краматорск и Северодонецк, тврдат британски воени извори, пренесува агенцијата.

„Окупирањето на овие локации ќе ја зајакне руската воена контрола над североисточниот дел на Донбас и ќе создаде почетна точка за нивните напори да ги отсечат украинските сили во регионот“, било појаснето во соопштението.

Аналитичарите, како што пишуваат медиумите, сметаат дека источна Украина е сцена на најтешките борби во земјата, очекувајќи Русија да се обиде да ги опколи украинските сили. Сепак, појаснуваат дека рускиот напредок е бавен бидејќи украинските ловци идентификуваат и користат оружје и алатки со долг дострел, вклучително и хаубици.

Можете да прочитате

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби