Утрински Весник
Свет

Британски виролог: Наскоро комбинирана вакцина против грип и ковид

Британски виролог: Наскоро комбинирана вакцина против грип и ковид

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави водечкиот британски виролог Венди Баркли.

Баркли е раководител на Одделот за заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон и им рече на пратениците дека најверојатното сценарио е дека ќе биде можно комбинирање на вакцината за сезонски грип со вакцината против Ковид-19, објави „Си-ен-ен“.

„Верувам дека следната година навистина ќе ни каже повеќе за епидемиологијата и за тоа како можат да се запрат нови видови на Ковид-19, односно колку брзо тие можат да мутираат и да нè натераат да ги модифицираме вакцините. Исто така ќе знаеме колку долго траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно колку ќе биде потребно да се зајакнат“, рече Баркли.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање работници од трети земји