Утрински Весник
Спорт

Британски велосипедист нападнат со мачети, украден велосипед од 10.000 фунти

Британски велосипедист нападнат со мачети, украден велосипед од 10.000 фунти
Dik 300x250 mk

Британскиот велосипедист Александер Ричардсон бил жртва на застрашувачки напад во југозападе Лондон во четвртокот, кога четири маскирани бандити на мотоцикл и вооружени со мачети му го одзеле велосипедот вреден 10.000 фунти.

31-годишниот Ричардсон, се обидел да избега, но бил турнат од велосипедот при брзина од 60 км/ч, по што му се заканиле со мачети и му го одзеле велосипедот.

„Ги видов пред тие да ме видат мене, стоеја на страна на улицата на Ист Шин гејт и чекаа. Се обидов да избегам, но ми го блокираа патот и ме исфрлиа од велосипедот. Го држев за рачките, но ме влечеа со мотоциклистите и извадија мачети. Тогаш мислев дека сум готов“, вели Ричардсон кој вози за тимот на Алпесин-Феникс.

Сепак, тој вели дека е сигурен дека полицијата ќе го пронајде велосипедот.

„Се работи за уникатен велосипед кој ќе биде тешко да се продаде. Начинот на кој е изграден велосипедот ќе биде препознаен веднаш“, вели Ричардсон.

View this post on Instagram

A post shared by Alexandar Richardson (@alexrichitaly)

> Британски велосипедист нападнат со мачети, украден велосипед од 10.000 фунти <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен