Утрински Весник
Свет

Британски активист на БЛМ: Белците се заедничкиот непријател, треба да се ослободиме од нив

Британски активист на БЛМ: Белците се заедничкиот непријател, треба да се ослободиме од нив

На демонстрациите на „Блек лајвс медр“ во Лондон, еден припадник на ЛГБТ заедницата од мешана раса рече дека концептот на интерсекционалност значи дека „постои еден заеднички непријател: белиот човек и затоа треба да се ослободиме од нив,” пренесува „Брејтбарт“.

Во неделата, демонстрантите на „Блек лајвс медр“ маршираа од Марбл арч во Хајд Парк до Воксхол гарденс, каде говорниците говореа против системскиот расизам и капитализмот. Еден од говорниците рече дека за да се разбере движењето, важно е да се разберат постулатите на левичарскиот социолошки концепт за „интерсекционалност“.

„Не можете да зборувате за едукација и не можете да зборувате за црнечки теми и за ЛГБТ проблемите и да ги исклучите како да се некакво индивидуално прашање; треба да го погледнете ова користејќи ја интерсекционалноста“, рече тој во ексклузивното видео на„Брејтбарт“ во Лондон.

Говрникот рече дека интерсекционалноста „значи да се признае дека постои еден заеднички непријател: белиот човек. Системите што тие ги користат се капитализам, патријархат и фашизам. Тие беа создадени и овековечени од белите луѓе, за белите луѓе, во интерес на белите луѓе“.

„Откако ќе сфатиме дека сите се бориме во истата борба, тоа само ја зајакнува армијата. Заедничкиот проблем е преполовен. Замислете сите да сфатиме и да се собереме и се групираме? Сите овие групи луѓе, проблемите со кои се соочуваат, сето тоа доаѓаат од истите луѓе: белите луѓе. Затоа, треба да се ослободиме од нив“, рече тој, продолжувајќи да сугерира со тивок глас дека треба да ги „убијат богатите“.

На сличен протест на „Блек лајвс медр“ во Лондон на почетокот на овој месец, активист облечен во облека во стилот на „Блек Пантер“ рече дека не е антисемитски да се каже слободна Палестина.

„Не дозволувајте ниту еден Евреин да создаде начин да да не бидете слушнати, да ве направи нечујни. Тишината е насилство. Ако молчиме, и ние сме дел од тоа угнетување“, додаде таа.

Екстремно левичарската марксистичка организација „Black Lives Matter UK“ се најде под жестоки критики за пишување „Слободна Палестина“ на социјалните мрежи,  напаѓајќи ги , според нив, израелските доселеничко-колонијални стремежи и наводната кампања што го потснала правото на критикување на ционизмот .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руската морнарица почна со вежби, учествуваат 20.000 луѓе

Нови саботажи: возот од Амстердам мораше да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници

Пожарот во познатото албанско летувалиште се шири во близина на хотели и апартмани, жителите и туристите евакуирани