Утрински Весник
Свет

Британскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19 по две примени вакцини

Британскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19 по две примени вакцини

Новиот британски министер за здравство, Саџид Џавид, денеска соопшти дека е позитивен на Ковид-19, но има благи симптоми бидејќи примил две дози на вакцина против вирусот.

„Утрово бев позитивен на ковид“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека направил брз тест и чека потврда за ПЦР-тестот, за кој е потребна обработка во лабораторија, објави „Ројтерс“.

„Го чекам мојот резултат од ПЦР, но за среќа сум вакциниран и имам благи симптоми“, истакна Џавид.

Поранешниот британски министер за финансии, Џавид, неодамна беше именуван за министер за здравство на Велика Британија, откако таа позиција остана празна по скандалот со претходниот министер Мет Хенкок.

За Хенкок се појавија снимки на кои се гледа дека со страсни бакнежи во канцеларија ги прекршил мерките за физичко растојание, со својат љубовница и помошничка во кабинетот.

Можете да прочитате

Во Португалија приведени 37 неонацисти

Британската влада размислува за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, по примерот на Австралија

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот