Утрински Весник
Свет

Британска научничка: Новиот вид коронавирус ќе стане доминантен и ќе се прошири во целиот свет

Британска научничка: Новиот вид коронавирус ќе стане доминантен и ќе се прошири во целиот свет

Шерон Пикок, директорка на британската програма за генетски надзор, смета дека новиот вид коронавирус, кој за првпат е пронајден во Кент, ќе стане доминантен во светот и дека досега сите вакцини регистрирани во земјата се покажале ефикасни против него.

Професорката Пикок  потврди за Би-би-си дека новиот вид се проширил во Велика Британија и дека најверојатно ќе се прошири во целиот свет и дека досега е потврден во повеќе од 50 земји.

Пикок  рече дека вакцините одобрени за употреба во Велика Британија се чини дејствуваат добро против постојните верзии на вирусот во земјата и дека е нормално вирусот да мутира, а само мал број од тие мутации имаат специфични карактеристики што го прават вирусот повеќе пренослив, имун на вакцини или потенцијален предизвикувач на посериозна болест.

„Би рекла дека ретко се случува, но мора да внимаваме на тоа“, изјави британската научничка за Би-би-си.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници