Утрински Весник
Свет

Британската министерка Трас: Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН

Британската министерка Трас: Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН
Dik 300x250 mk

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека Русија мора да биде суспендирана од Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ) поради масовните гробници пронајдени во Буча, Украина.

„ Со оглед на веродостојните докази за воени злосторства, вклучително и извештаите за масовни гробници во Буча, Русија не може да остане членка во Советот за човекови права на ОН“ , на Твитер напиша британската министерка.

Украинските власти во неделата објавија дека истражуваат можни злосторства на руските сили откако, како што тврдат, пронашле стотина тела расфрлани во градовите, меѓу кои и Буча, и по повлекувањето на руските сили од таа област, објави претходно британската агенција.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени