Утрински Весник
Свет

Британската кралица разговараше со Трамп за заедничка борба против ковид-19

Британската кралица разговараше со Трамп за заедничка борба против ковид-19

Британската кралица Елизабета Втора разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп за блиска соработка во победата на коронавирусот, како и за повторно отворање на глобалната економија.

Не е познато колку долго разговарале, но Белата куќа соопшти дека Трамп и` посакал среќен роденден на кралицата, за што имаше службено славење минатиот месец, пренесе Би-би-си.

Тој исто така изразил сочувство за оние кои починале за време на епидемијата на коронавирус, додала Белата куќа.

Британската кралица разговарала преку телефон со многу лидери за време на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, вклучително со францускиот претседател Емануел Макрон, премиерот на Австралија Скот Морисон и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Текстот Британската кралица разговараше со Трамп за заедничка борба против ковид-19 е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме