Утрински Весник
Свет

Британската влада започна акција за помош на 72 илјади угостителски објекти

Британската влада започна акција за помош на 72 илјади угостителски објекти

Британската влада донесе одлука да покрене акција наречена ‘Јади во ресторан, помогни му на ресторанот’ и да субвенционира оброци со 50 проценти. Акцијата ќе се реализира во август, секој понеделник, вторник и среда, кога е помал бројот на посети на ресторани.

Целта на акцијата е да им помогне на угостителите кои се борат со последиците од пандемијата на коронавирус. Во акцијата ќе бидат вклучени околу 72 илјади угостителски објекти.

Критичарите предупредуваат дека рестораните за брза храна треба да бидат исклучени од таа државна интервенција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести