Утрински Весник
Свет

Британија почна забрзан процес за одобрување на вакцината на Оксфорд

Британија почна забрзан процес за одобрување на вакцината на Оксфорд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фармацевтската компанија „AstraZeneca“ денес објави дека британскиот здравствен регулатор (Medicines and Healthcare products Regulatory Agency) започнал забрзан преглед на вакцината против коронавирус. Вакцината на „AstraZeneca“ се развива во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

„Го потврдуваме континуираниот преглед на нашата потенцијална вакцина против Ковид-19 од страна на регулаторната агенција“, соопштија од „АстраЗенека“.

При редовни прегледи, регулаторите можат да гледаат клинички податоци во реално време и да водат дијалог со производителите на лекови за процесите на производство и испитувањата за да се забрза процесот на одобрување, пренесува „Ројтерс“.

Овој пристап е дизајниран да ја забрза проценката на перспективни лекови или вакцини.

„Блумберг“ во петокот објави дека регулаторот, исто така, започнал забрзан преглед на вакцината на „Pfizer“.

„AstraZeneca“ и „Pfizer“ се меѓу лидерите во трката за развој на вакцина против коронавирус, а во трката се и „Johnson & Johnson“ и „Modernа“.

Нивните вакцини се во доцната фаза на тестирање, а привремените податоци се очекуваат во наредните недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Писториус: Путин се обидува да го разниша НАТО одвнатре

Политико: АфД обвинета за собирање информации за Кремљ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД