Турски гангстер, уапсен откако неговите врските со организираниот криминал биле откриени со тајна полициска истрага, победи во двегодишна битка против депортација од Велика Британија затоа што е оженет со државјанка на ЕУ, пренесува британски „Сан“.
Судиите на Апелациониот суд ја блокирале депортацијата на турскиот мафијашки бос иако за него се смета дека е „сериозна закана за јавната безбедност.
Гангстерот, идентификуван само како „г-дин А“ во извештаите поради чувствителната природа на случајот против неговите криминални активности, се вели дека бил вмешан во финансиски криминал, трговија со оружје и одмазднички напади.
Налогот за депортација против „г-дин А“ беше прифатен од Горниот трибунал на Комората за имиграција и азил, но како и многу странски криминалци и тој беше во можност да продолжи да се жали се додека не најде судии подготвени да му го дадат одговорот што го сакаше.
„Ги отфрлам основите 2 и 3 за жалбата, но, од причини дадени во затворената пресуда, ја прифаќам жалбата под основа 1 и го враќам случајот за повторно сослушување кај различно конституирана комисија на Горниот трибунал“, рече судијата Сер Стефан Ричардс.
Неуспехот да се депортира гангстер, кој живее отворено во заедницата, според „Телеграф“, делумно се припишува на фактот дека тој е оженет со државјанка на ЕУ, а законите на ЕУ за слободно движење го прави исклучително тешко депортирањето државјани на ЕУ или поврзани со ЕУ.
„Не може да биде исправно бракот со државјанин на ЕУ да е поважен од фактот дека некој се смета за сериозна закана за јавната безбедност. Ова е уште една невообичаена одлука со која нашите врски со ЕУ значат дека сериозно непожелните криминалци се оставени на слобода во Велика Британија“, нагласи пратеникот од Ториевците, Тим Лостон, член на Комисијата за внатрешни работи.
„Нашиот приоритет секогаш ќе биде да ја чуваме британската јавност безбедна. Иако правните предизвици можат да ја фрустрираат непосредната депортација, странски криминалци не треба да се сомневаат во нашата решеност да ги отстраниме“, посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи.