Утрински Весник
Магазин

Британија: Најавен специјален празник по повод одбележување на платинестиот јубилеј на кралицата

Британија: Најавен специјален празник по повод одбележување на платинестиот јубилеј на кралицата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британија следната година ќе одбележи необичен јубилеј поврзан со кралицата – 70 години на тронот –  со блокбастер викенд или продолжен викенд на прослави благодарение на четиридневниот празник.

Секретарот за култура Оливер Доуден објави дека викендот за празникот ќе започне во четврток на 2 јуни, што значи дека Британците ќе имаат четири дена за да го прослават платинестиот јубилеј на кралицата.

Тоа ќе биде првпат кој било британски монарх да ја достигне оваа историска пресвртница.

Настанот ќе се осврне на владеењето на кралицата – најдолго во историјата – и нејзиното влијание врз Велика Британија и светот од 1952 година кога се искачи на тронот.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима