Утрински Весник
Свет

Британија и САД ја обвинуваат Русија дека во веслената тестирала сателитско оружје

Британија и САД ја обвинуваат Русија дека во веслената тестирала сателитско оружје

Соединетите амeркански држави и Велика Британија ја обвинија Русија дека во вселената тестиралa проектил со кој може да се уништат сателитите во орбитата.

Државниот секретаријат на САД коментира дека е загрижен за неодамнешната употреба на нешто налик на анти-сателитско вооружување.

Министерството за одбрана на Русија неодамна објави дека започнало со тестирање на работата на руската вселенска опрема со примена на нова технологија.

Во овие обвинувања против Русија, на САД сега им се приклули и Велика Британија, само неколку дена откако истрагата откри дека британската влада значително ја потценила заканата од Русија, пишува Би-би-си.

Кристофер Форд, помошник на државниот секретар на САД за меѓународна безбедност, вчера ја нарече Москва лицемерна и обвини дека земјата сака да ја прошири совојата контрола на оружје во вселената.

„Русија сака да ги ограничи можностите на Соединетите држави“, рече тој.

Харви Смит, шеф на британската вселенска администрација, исто така, рече дека е загрижен за најновиот руски сателитски тест кој има карактеристики на оружје.

„Ваквите активности не одговараат на мирна примена на вселенско истражување. Покрај тоа, на овој начин се ризикува да се создаде отпад во орбитата што би можел да ги загрози сателитските системи од кои зависи целиот свет“, рече Смит, барајќи од Русија да избегнува понатамошни тестирања од ваков вид.

Русија, Велика Британија, Соединетите држави и Кина се меѓу повеќе од 100 земји кои се обврзаа да спроведуваат вселенски истражувања исклучиво за мирни цели и да не носат оружје во орбитата на Земјата или во вселената.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години