Утрински Весник
Свет

Британија: Втор ден од протестите поради карикатура на пророкот Мухамед

Британија: Втор ден од протестите поради карикатура на пророкот Мухамед

Втор ден по ред група луѓе протестираат пред гимназијата Бетли во Западен Јоркшир, бидејќи на еден час била прикажана карикатура на пророкот Мухамед.

Собраните протестираат против како што велат, несоодветната слика и бараат разрешување на професорот кој ја покажа карикатурата на својот час, пренесува Би-би-си.

Еден од демонстрантите вели дека училиштето не го сфатило сериозно ова прашање, бидејќи биле потребни дури четири дена да се суспендира само еден од вклучените наставници.

Друг демонстрант, кој се претставил како Хусеин, вели дека не сака децата да се учат на каква било форма на екстремизам.

Поради ваквиот развој на настаните, училиштето се префрли на онлајн настава, а управата испрати извинување, во кое се наведува дека наставникот кој ја покажал карикатурата е суспендиран.

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко