Утрински Весник
Магазин

Британецот кој го остави семејството за Украинка прими уште двајца бегалци

Dik 300x250 mk

Тони Гарнет, Британец кој ја остави сопругата и нивните две деца и замина со Украинката Софија Каркади, на која семејството ѝ обезбеди сместување, во својот дом прими уште двајца бегалци од Украина.

dobivaj vesti na viber

Тони и Софија изнајмија куќа во Бредфорд, градот во кој претходно живеел Тони со своето семејство, пренесува „Дејли мејл“. Во оваа куќа ја пречекаа младата брачна двојка од Украина. Минатата недела Тони и Софија виделе дека двајца Украинци бараат сместување во Англија, па ги контактирале. Бегалците потоа се преселиле кај нив.

„Дејли мејл“ потсетува дека Софија делумно ослепе по операција на окото на која мораше да се подложи откако се зарази со инфекција на пат кон Британија. Тони почнал да работи во смени за да може подобро да се грижи за неа.

„Јас не сум чудовиште. Спијам мирно. Ја спасив од војната во Украина и од злоупотреба. Постапив правилно. Претходно трпев сè за моите деца”, рече Тони во интервју за британскиот таблоид.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство