Сите ги сакаме брзите а вкусни рецепти, а воедно ова е и по здрава варијанта за благо доколку користите црно чоколадо и путер од јатки.
Чоколадото и путерот( или еурокремот) растопете ги на пареа и измешајте ги со корнфлексот и ситно сецканите или мелени јатки. Јас ставив бел корнфлекс од пченка @vitaminka.mk , путер од лешници @bonita_organic_nut_butters и сецкани лешници @chape_funghi . Со лажица ставајте од смесата на хартија за печење. Иако ќе ви изгледа како да нема да се спои и ќе се разделува корнфлексот, кога ќе ги оставите да постојат чоколадото ќе се зацврсти. Оставете ги најмалку 10-15 минути во фрижидер и може да ги послужите.
View this post on Instagram