Утрински Весник
Свет

Брзи домашни тестови во аптеките во Хрватска

Брзи домашни тестови во аптеките во Хрватска
Dik 300x250 mk

Брзи домашни тестови за коронавирус за десет дена ќе пристигнат во хрватските аптеки, објави телевизијата РТЛ.

Тестот ќе се прави со плунка, а ќе биде достапен за купување во аптеките по цена под 100 куни односно околу 13 евра.

Тестовите за самотестирање се одобрени на ниво на Европската Унија.

„Ова се медицински производи кои се наменети за самостојна употреба од страна на лаици. Имајќи предвид дека ги користат непрофесионалци во процесот на проверка на овие тестови беше потребно да се докаже дека се доволно сигурни и едноставни и дека граѓаните можат да ги користат безбедно“, изјави портпаролката на хрватската Агенција за лекови, Маја Башиќ.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз