Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Брзите тестови ќе помогнат во повторно отворање на ноќните клубови, сугерира британскиот премиер

Брзите тестови ќе помогнат во повторно отворање на ноќните клубови, сугерира британскиот премиер
300x250 opst2

Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека брзото тестирање за коронавирус може да овозможи повторно отворање на ноќните клубови и киносали.

„Ваквиот начин на тестирање може да се користи за оние делови од економијата што не можевме да ги отвориме минатата година. „Тоа, во комбинација со вакцинацијата, веројатно ќе биде патот напред“, рече тој на прес-конференција во „Даунинг стрит“.

Но, тој истакна дека се уште е рано за конечна одлука и дека претстојат многу дискусии на оваа тема.

Извор од владата предупреди „долг е патот пред да можеме да ги вратиме луѓето на големи настани безбедно“.

Ноќните клубови во Британија не работат од првиот Ковид-локдаун во март 2020 година, а киносалите и театрите се борат за опстанок и покрај целосното почитување на протоколите за социјално и физичко дистанцирање.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со џипови и мотори организирано на планината Кожуф 

Есента пристигна, време е да се зајакне имунитетот

Пита со спанаќ и сирење