Утрински Весник
Свет

Бретон: 12 членки на ЕУ ќе вакцинираат 70% од населението до средината на јули

Бретон: 12 членки на ЕУ ќе вакцинираат 70% од населението до средината на јули
Dik 300x250 mk

Најмалку 12 од 27 земји-членки на Европската Унија објавија дека се убедени дека ќе можат да вакцинираат 70% од возрасната популација до средината на јули, изјави денеска шефот на работната група на извршната служба на ЕУ за вакцини, Тиери Бретон.

Европската комисија постави цел да имунизира 70% од возрасната популација на ЕУ до крајот на летото, врз основа на зголемувањето на испораките на вакцини со цел да се забрза процесот на вакцинација, објави Ројтерс.

„Убедени сме дека ќе можеме да испорачаме доволно дози, но исто така е точно дека на земјите-членки е да се организираат“, истакна Бретон.

Минатонеделното соопштение дека земјите од ЕУ ќе примат 50 милиони дози повеќе вакцини произведени од „Фајзер“ и „Бионтек“ овој квартал, им дадоа на Владите дополнителни гаранции дека целите ќе бидат исполнети, рече Бретон.

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност