Утрински Весник
Магазин

Бред Пит сака Џилијан Арменанте да сведочи на судењето за старателство

Бред Пит сака Џилијан Арменанте да сведочи на судењето за старателство
Dik 300x250 mk

Правниот тим на хоивудската ѕвезда Бред Пит , наводно, планира да ја повика Џилијан Арменанте –  актерка која глумеше со Анџелина Џоли во драмата Girl, Interrupted – да сведочи на претстојното судење за старателство на поранешната славна двојка.

Списокот на сведоци за Пит, поднесен на 21 септември, вклучува терапевт, чувар и бројни психолози, пишува „Ју-ес викли“.

Пит исто така ќе сведочи, а неговите адвокати вкрстено ќе ја испрашуваат Џоли, тврди сајтот.

Според истиот извор, судењето за старателство над нивните шест деца треба да се одржи од 5 до 23 октомври.

Поранешната двојка е заглавена во горчлива битка за старателство уште од разделбата во 2016 година, а тензиите меѓу нив ескалираа до тој степен што тие веќе не одат на семејна терапија пред судењето за старателство закажано за следниот месец.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година