Бред Пит многу се разочарал откако во јавност се појави документ кој сугерира дека Анџелина Џоли во судската битка за старателството над нивните деца е подготвена да обезбеди доказ за домашно злоставување.
Медиумите коментираат дека наводната расправија помеѓу синот Медокс (19) и Бред (57) во 2016 година е последната сламка за Џоли (45), која поднела документи во кои наведува дека и таа и нејзините деца се подготвени да понудат сведоштво во прилог на наводите, според документи до кои дојде „Бласт“.
Судските документи кои протекоа во јавност укажуваат на тоа дека Џоли е спремна да презентира и доказ во прилог за наводното насилно однесување на Пит во текот на нивниот брак.
„Сега Бред е со скршено срце бидејќи Анџелина тргна по тој пат. Многу емоции останаа по нивниот брак “, извор близок до актерот изјави за „Пејџ сикс“.