Утрински Весник
Магазин

Бред Пит и Џенифер Анистон заедно на екранот во нов проект

Бред Пит и Џенифер Анистон заедно на екранот во нов проект

Поранешниот холивудски пар Бред Пит и Џенифер Анистон ќе се појават заедно на екранот, првпат по 19 години, објавија светските таблоиди во понеделникот, додавајќи дека Пит се придружува на неколку славни актери во читањето во живо на делови од хит комедијата „Бурни времиња во Риџмонт Хај“ (Fast Times at Ridgemont High) во хуманитарни цели.

Пит (56) и Џими Кимел (52) беа најновите дополнувања објавени во понеделникот за претстојниот настан. Ова ќе биде првпат Бред да соработува со својата поранешна сопруга Џенифер од 2001 година, кога се појави како селебрити-гостин во една епизода на „Пријатели“.

Меѓу другите холивудски актери и актерки кои се придружуваат на носталгичниот настан се и Џулија Робертс, Метју Меконахи, Шиа Лабуф, Морган Фримен, Хенри Голдинг, Дејн Кук, и Шон Пен кој стекна слава со својата улога во оригиналниот хит филм.

Настанот во живо ќе се емитува на профилите на Фејсбук и Тик-ток на организацијата на Шон Пен – CORE – на 21 август во 8 часот попладне. Фановите исто така можат да го следа на LiveXLive, каде ќе можат да донираат до Core и други организации кои во моментот се борат со пандемијата на коронавирус.

Кога се појави како специјален гостин во „Пријатели“, Пит и Анистон веќе беа една година во брак. Двајцата ретко работеа заедно на екран или во проекти поврзани со филм.

Откако ја раскина веридбата со актеркта Гвинет Палтроу, Бред започна врска со ѕвездата на „Пријатели“ Џенифер во 1998 година. Двајцата го врзаа јазолот во Малибу во јули 2000 година, а на почетокот на 2005 година тие наговестија дека најверојатно ќе се разделат. Тој подоцна се прежени за Анџелина Џоли.

И покрај околностите, поранешната двојка одржуваше пријателство низ годините, а неодамна нивното пријателство зајакна уште повеќе.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста