Утрински Весник
Спорт

Бредли од Лејкерс одби да учествува во продолжување на сезоната

Бредли од Лејкерс одби да учествува во продолжување на сезоната

Лос Анџелес, 24 јуни 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ејвори Бредли, одби да учествува во продолжувањето на сезоната 2019/20 во НБА.

– Јас сум лојален на моите соиграчи и партнери на Лејкерс, но на крај играм кошарка за моето семејство. ОД тој аспект, не можам да замислам дека донесов одлука што може да го загрози здравјето на моето семејство и на пријателите, изјави Бредли.

Шестгодишниот син на кошаркар, Лиам, имал проблеми со респираторни заболувања, поради тоа не можел да биде со неговиот татко и семејството на кампусот во Орландо, каде е планирано да се преселат сите играчи кои ќе учествуваат во продолжување на сезоната во НБА. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали