Утрински Весник
Свет

Браќа по потекло од Косово загинаа во железничка несреќа во Германија

Браќа по потекло од Косово загинаа во железничка несреќа во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двајца браќа на тинејџерска возраст денеска биле усмртени од воз на југот од Германија. Според информациите од полицијата, тие трчале преку пругата на станицата во обид да стигнат до нивниот воз.

Рампите биле спуштени над пругата на станицата во Брукберг, северо-источно од Минхен, кога 13 и 17-годишникот се обиделе да ја преминат пругата за да стигнат до нивниот воз, кој веќе бил на платформата, изјави полицијата за агенцијата ДПА.

Возот кој доаѓал во Минхен се обидел да закочи, но не успеал да запре на време и удрил во двајца тинејџери. Според Газета Експрес – тие се од општина Дечани на Косово, но биле жители на Германија.

Машиновозачот направил се за да го запре возот, но било предоцна за тоа, изјави портпаролот на полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат