Утрински Весник
Македонија

Браќа од Сингелиќ во гаража чувале поголеми количини на хероин и кокаин, едниот од нив е во бегство

Татко и синови од Арачиново и двајца неготинци уапсени поради криумчарење и продажба на кокаин

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 27-годишник од селото Сингелиќ, кој се товари дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Обвинетиот заедно со неговиот брат, кој во моментов е недостапен за полицијата, во гаражата во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6.451,27 грама хероин, како и 915 грама кокаин.

Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси.

При полицискиот претрес, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка магнум 357 со рамка со шест куршуми.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определениот притвор.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори

Лебот оставен на улица: Колку сте сигурни во хигиенските услови на храната?