Утрински Весник
Свет

Брајан Пинкер (82) од Оксфорд е првиот во светот кој ја прими вакцината од Оксфорд и АстраЗенека

vakcina kovid Oxford

Брајан Пинкер, 82 годишниот пензиониран менаџер за одржување, стана првата личност во светот, кој ја прими вакцината против ковид-19, надвор од клиничките испитувања, развиена на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека, пишува „Гардијан“.

Откако ја прими вакцината во болницата во оксфордската „Черчил“ болница во 7.30 часот, Пинкер изјави: „Вакцината ми значи сè. Според мене, тоа е единствениот начин да се вратиме во нормалниот живот“.

Пинкер, кој е пациент со дијализа од Оксфорд, рече дека во саботата му било кажано дека ќе добие вакцина во понеделник.

Владата ја поздрави првата инјекција надвор од клиничките испитувања на вакцината Оксфорд, како „клучен момент“ во борбата против корона вирусот, иако постарите медицински лица предупредуваа на преголем оптимизам во услови на континуиран аларм на рекордни нови случаи.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење