Утрински Весник
Свет

Брачна двојка од Словенија свесно ширела коронавирус, им се заканува затвор

Брачна двојка од Словенија свесно ширела коронавирус, им се заканува затвор
Dik 300x250 mk

Две лица од Словенија се пријавени поради кршење на карантинските правила од небрежност и евентуално ширење на вирусот „Ковид-19“, за што ќе бидат казнети со парична или затворска казна, изјави портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин.

Според Кацин, 37-годишна жена дознала дека нејзиниот сопруг има вирус „Ковид-19“, но кога ја повикала брзата помош, таа не ги известила дека тој има коронавирус, со што го загрозила здравјето на другите луѓе, пренесува СТА.

Во меѓувреме, нејзиниот сопруг, кој работи за голема словенечка компанија, продолжил да доаѓа на работа и покрај тоа што требало да биде во карантин, поради што е поднесена кривична пријава против брачната двојка за ширење на коронавирус од небрежност.

Кацин додаде дека досега се издадени 1.213 налози за карантин на граничните премини со Унгарија и Хрватска и на аеродромот во Љубљана и дека повеќето луѓе се придржуваат кон самоизолацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно