Утрински Весник
Економија

Брачен пар од Пробиштип добитници на „Златна рипка“ вредна 500.000 денари

Брачен пар од Пробиштип добитници на „Златна рипка“ вредна 500.000 денари

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Александра и Александар Начеви од Пробиштип, на денот на вљубените, добија 500.000 денари на инстант лотаријата  „Златна рипка“.

– На младиот брачен пар Начеви од Пробиштип златната рипка ќе им ја оствари заедничката желба за убаво егзотично патување. Големата добивка е доказ дека кога се дарува со љубов желбите се остаруваат. Овој пат желбите ги остварува златната рипка, но не рипката од приказните, туку рипката од инстант лозот Златна рипка, соопштија од Државна лотарија.

Оттаму велат дека подарените инстант лозови на денот на вљубените донесоа вистинска среќа плус за Александра и Александар.

– На 14 февруари, Александар два пати одел до киоскот на плоштадот во Пробиштип, купувал различни лозови и таму ги гребел, но како и секогаш имал само помали добивки. Третиот пат, пред да замине дома, купил 11 лозови Златна рипка со намера да ги подари на сопругата за денот на вљубените, соопштија од Државна лотарија.

Токму во тие 11 лозови се криела и златната рипка на која изгребале добивка од 500.000 денари. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм