Утрински Весник
Спорт

Браун, Тејтум и Смарт ги поразија Ворирос – Селтикс водат во серијата со 2:1

Кошаркарите на Бостон Селтикс славеа победа над Голден стејт Вориорс 116:100, во третиот меч од финалната серија во НБА лигата. Селтикс во серијата водат со 2:1. Слично како и во првиот меч, кога направија брејк, Селтикс победата ја обезбедија во последната четвртина, која ја добија со 23:11.

Селтикс водеа со 11 поени по првата четвртина, на полувреме имаа 68:56. Вориорс силно влегоа во третиот период, во кој традиционално ги кршат противниците. Со серија 12:0, тие го презедоа водството 82:83. Сепак Селтикс успеаја да го одбијат налетот и во последната четвртина влегоа со предност од четири поени.

Триото Браун, Тејтум и Смарт ги предводеа Селтикс, постигнувајќи заедно 67 поени. Браун забележа 27 поени, девет скока и пет асистенции, Тејтум имаше 26 поени, шест скока и девет асистенции, а Смарт мечот го заврши со 24 поени, седум скока и пет асистенции.
Вориорс и на овој меч ги предводеше Стеф Кари со 31 поен, Клеј Томпсон постигна 25, а Ендрју Вигинс 18 поени.

Наредниот меч се игра ноќта помеѓу петок и сабота, во 3 часот по македонско време. Домаќин повторно ќе биде Бостон.



> Браун, Тејтум и Смарт ги поразија Ворирос – Селтикс водат во серијата со 2:1 <

Можете да прочитате

Одбојкарките на Работнички со втор пораз го завршија настапот во ЛШ

Реал Мадрид ќе остане без два трофеи поради поранешен кошаркар

Раул Гонзалез заминува од младинскиот тим на Реал Мадрид