Утрински Весник
Спорт

Братот на Тот: Денис почина од срцев удар, доста е од лажни информации

Братот на Тот: Денис почина од срцев удар, доста е од лажни информации

Борис Тот, братот на починатиот ракометар на Бутел, на социјалните мрежи истакна дека 27-годишниот Денис Тот починал од срцев удар. И покрај разните шпекулации, сепак, вистината е дека неговото срце затаило. Тој беше пренесен во Клиничкиот центар со возило на итна помош, но оттаму беше потврдено дека не ја издржал најважната битка во животот.

„Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“, напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.

Поради смртта на Денис Тот, денешниот натпревар меѓу Вардар и Бутел од ракометниот плеј-оф е одложен.

> Братот на Тот: Денис почина од срцев удар, доста е од лажни информации <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина