Утрински Весник
Спорт

Брасил е топ фаворит на СП во Катар

Брасил е топ фаворит на СП во Катар

Бразил е најголемиот фаворит, според обложувалниците за освојување на титулата на Светското првенство во Катар. Бразил, во првата фаза на мундијалот ќе игра против Србија, Камерун и Швајцарија.

Доколку сега се кладите на најтрофејната репрезентација на мундијалите, за едно вложено евро ќе добиете пет.

Помали шанси од Бразил имаат актуелниот шампион Франција, односно Англија. Коефициентот на овие две репрезентации е 5,5.

Следуваат Шпанија (8), Аргентина (9), Германија (10), односно Белгија и Холандија (11).

Листата на Топ 10 фаворити ја комплетираат Португалија (12) и Данска (22).

Од балканските репрезентации, Хрватска е 12.фаворит, коефициент 40, а Србија е 14.фаворит, заедно со Швајцарија и САД, коефициент 80.

> Брасил е топ фаворит на СП во Катар <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина