Утрински Весник
Свет

Бразил планира да ги вакцинира сите граѓани во текот на 2021 година

Бразил планира да ги вакцинира сите граѓани во текот на 2021 година

Бразил ќе ги вакцинира сите свои жители против Kовид-19 до крајот на 2021 година, објави министерот за здравство Еудардо Пасуело.

Тој рече дека половина од населението треба да се вакцинира до јуни, а остатокот до крајот на годината, пренесува „Ројтерс“.

Говорејќи пред Сенатот, министерот рече дека Бразил преговара со неколку компании за набавка на вакцини, така што во еден момент во земјата ќе бидат достапни неколку вакцини од различни производители, што, како што рече, ќе ја отежне координацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Корепер реши да му даде шанса на дијалогот со Трамп пред евентуално преземање „одмазднички царини“ кон САД

Американските сили „целосно се повлекоа“ од Ирак

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија