Утрински Весник
Свет

Бразил одби да ја увезува вакцината „спутник В“

Бразил одби да ја увезува вакцината „спутник В“

Здравствената регулаторна агенција во Бразил не го одобри увозот и употребата на руската вакцина „спутник В“ против Ковид-19. Одлуката е поддржана од сите членови на одборот на агенцијата на состанокот кој беше пренесуван преку „Јутјуб“.

„Сакам да истакнам дека оваа одлука е донесена како одраз на моменталната состојба и врз основа на она што денес успеавме да го анализираме“, изјави шефот на агенцијата, Антонио Бара Торес, пренесе ТАСС.

Средбата траеше повеќе од четири часа, при што беа разгледани заклучоците на експертите на оваа агенција и нивните ставови за безбедноста и ефикасноста на руската вакцина.

„Еден од клучните детали што го привлече нашето внимание е дека вакцината содржи аденовирус, кој може да се размножува. Значи, вирусот кој треба да се користи само како алатка за доставување генетски материјал до човечките клетки и формирање на имунолошки одговор, се репродуцира себеси“, рече Густаво Мендес Лима Сантос, генерален директор за лекови и биолошки производи.

Алекс Мачадо Кампос, еден од раководителите на регулаторната агенција, рече дека повеќето земји што ја регистрирале руската вакцина немаат доволно влијание во светот. Тој потсети дека „спутник В“ не беше одобрен ниту од европските ниту од американските регулатори.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра