Утрински Весник
Спорт

Бразилскиот претседател не го пуштиле на фудбал поради тоа што не бил вакциниран

Бразилскиот претседател не го пуштиле на фудбал поради тоа што не бил вакциниран
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро тврди дека не му бил дозволен влез на фудбалскиот меч Сантос-Гремио во неделата бидејќи не бил вакциниран за КОВИД-19.

Болсонаро, кој е на одмор во Сао Пауло и претходно доби казна за неносење маска во јавност, вели дека нема потреба да е вакциниран.

„Зошто би имал пасош за вакцини? Само сакав да го гледам мечот на Сантос и ми кажаа дека морам да бидам вакциниран. Зошто? Имам повеќе антитела од тие кои се вакцинирале“, вели Болсонаро.

Во Бразил од неодамна фудбалските фанови можат да присуствуваат на стадионите, но повеќе клубови и федерални покраини бараат да се исполнети одредени услови. Сантос за мечевите на „Вила Белмиро“ ги пушта само гледачите кои имаат целосна КОВИД-19 вакцинација.

> Бразилскиот претседател не го пуштиле на фудбал поради тоа што не бил вакциниран <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028