Утрински Весник
Свет

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на бразилскиот вид на Ковид-19. За еден ден, во Италија имало 420 смртни случаи и 8.000 нови случаи на инфекција со Ковид-19, пишува агенцијата Анса.

„Доколку се зголеми бројот на лица заразени со бразилскиот вид на Ковид-19, потребно е веднаш да се воведе строг карантин, да се затвори сè, бидејќи вакцината што се користи во моментов не е ефикасна против таа варијанта на вирусот“, тврди вирусологот Андреа Крисанти, директор на микробиологија на Универзитетот во Падова.

Во Италија, граѓаните се вакцинираат само со вакцината на „Фајзер“, американски производител што ја намали испораката на договорените количини на лекот.Италијанската влада затоа покрена законски мерки против производителот на Фајзер-Бионтек, бидејќи намалувањето на испорачаните количини го компромитира владиниот план за масовно вакцинирање на населението.

Во меѓувреме, Европската Унија воведе ознака, темноцрвена, за деловите од земјите членки каде, според проценките, најголема е опасноста од ширење на инфекцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати