Утрински Весник
Спорт

Бољшунов го донесе првото руско злато во Пекинг

Бољшунов го донесе првото руско злато во Пекинг

Александер Бољшунов доминираше во скиатлонот 15+15 километри, за да го освои првото злато за Русија (официјално Рускиот олимписки комитет) на Олимпијадата во Пекинг.

Откако пред четири години во Пјонгчанг освои три сребра и една бронза, 25-годишиот Бољшунов го победи својот сонародник Денис Спицов за златото, додека шампионот од 2018 година, Финецот Илво Нисканен го освои бронзениот медал.

Победата за Бољшунов е уште поимпресивна откако тој падна на стартот на трката, но се врати моќно и поведе со предност од повеќе од една минута на четири километри до крајот.

> Бољшунов го донесе првото руско злато во Пекинг <

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко