Утрински Весник
Македонија

Бојаџиев: Општата болница во Велес располага со доволна количина лични заштитни средства и дезинфекциски средства

Бојаџиев: Општата болница во Велес располага со доволна количина лични заштитни средства и дезинфекциски средства

Велес, 5 април 2020 (МИА) – Општата болница во Велес во моментов располага со доволна количина на лични заштитни средства за еднократна употреба: заштитни маски, ракавици, капи и каљачи, заштитни скафандери и очила, како и со доволна количина на дезинфекциски средства, вели директорот на таа јавна здравствена установа, Божидар Бојаџиев.

Сите овие средства, како што посочи, им се делат на вработените по претходно изготвен план, согласно потребите за лична заштита на секој вработен во соодветното одделение или служба.

Тој ги отфрла сите критики, невистини и тенденциозни лажни вести поврзани со личната и колективната заштита на вработените во ЈЗУ Општа болница Велес и тврди дека се неосновани.

-Упатувам апел до граѓаните да веруваат исклучиво на проверени извори на информации што произлегуваат од релевантните институции на нашата земја.Ширењето на лажните вести ја поткопува довербата во институциите на системот, што неминовно води кон намалување на успешноста во справување со оваа пандемија. Ви посакувам добро здравје со заедничка надеж кон што можно поскоро надминување на оваа светска здравствена криза, потенцира д-р Бојаџиев. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Изложбата „Будна вода“ и промоција на „Разбудена вода“ во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“