Утрински Весник
Македонија

Бочварски: Ја спроведуваме најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото

Бочварски: Ја спроведуваме најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше на завршниот настан во организација на Транспаренси Интернешнл Македонија, на кој се дискутираше за законските постапки во делот на градежништвото и урбанизмот.

Во своето обраќање, Бочварски потенцираше дека оваа Влада ја спроведува најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото преку изготвување на нови законски решенија, Закон за урбанистичко планирање и Закон за градење, каде учество земаат сите заинтерерсирани страни, се со цел носење на квалитетна законска регулатива која ќе биде ефикасна на терен.

„Веднаш да потенцирам дека урбанизмот и градењето се долготрајни процеси. Ова со еден удар не можеме го смениме и тоа што денеска го чувстуваме е рефлексија од времето кога преку ноќ се носеа планови.

Би дал еден пример. Урбанистичките планови донесени од 2010-2012-2014 година, најголем дел од нив денес се реализираат. Но, тоа се политиките од тој период со поминати процедури и постапки во тоа време.

Можеби сакаме со една одлука денес да промениме десетици планови, но таа одговорност и тој ризик од долготрајни штетни судски постапки по буџетите на општините, па и државниот буџет, ќе ја платат на крај граѓаните, сите ние“, истакна министерот.

Тој нагласи дека со новиот Закон за урбанистичко планирање се овозможува транспарентност на постапките и вклученост на граѓните во планирање и изготвување на урбанистичките планови. Дополнително, донесен е Тарифиник за изготвување на урбанистички планови за да не се случува изработка на планови за 1 денар. Исто така во фаза на подготовка е и Тарифник за инжењерски услуги, потенцираше министерот Бочварски.

„Реформските процеси во државата во континуитет ги продолживме за да изградиме здраво општество кое се темели на правда и сигурност за сите чинители во оваа дејност, од граѓаните, институциите, па се до инвеститорите. Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат како главен коректор, бидејќи со новиот Закон за урбанистичко планирање овозможуваме и тие да партиципираат при планирањето и изработката на урбанистичките планови”, нагласи Бочварски пред присутните.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните