Утрински Весник
Економија

Бочварски: Новиот пат до Кочани ќе овозможи подобар живот за жителите од Источниот регион

Бочварски: Новиот пат до Кочани ќе овозможи подобар живот за жителите од Источниот регион

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, изградбата на експресниот пат Штип-Кочани како и експресниот пат од Штип до Радовиш е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата.

Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми како и градоначалниците на општините Штип, Кочани, Карбинци и Чешиново-Облешево, извршија увид во изградба на втората фаза од експресниот пат Штип-Кочани, делница Крупиште – Кочани.

,,Овој дел од експреснот пат е со должина од 13,7 километри а инвестицијата е со вредност од 18,2 милиони евра. Или вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што инвестираме 37,3 милиони евра. Задоволни сме од фактот што граѓаните веќе ја возат првата делница од Три чешми до Крупиште, по нов, модерен и безбеден пат“, истакна Бочварски.

Директорот на државни патишта Ејуп Рустеми, истакна дека патот се очекува да биде завршен до крај на оваа година.

,,Вкупната ширина на експресниот пат е 11,4 метри, со две сообраќајни ленти од по 3,5 метри, две ленти за принудно застанување од по 2 метри и две рабни ленти од по 0,20 метри. Што значи дека овој патен правец ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Овој нов патен правец започнува кај месноста Три чешми во Штип и се надоврзува на веќе завршениот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Идната максимална брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час’’ изјави Рустеми.

Со изградбата на овој експресен пат се создава брза патна врска меѓу источниот и централниот дел на државата. Првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште е изгардена и веќе пуштена во сообраќај.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија