Утрински Весник
Спорт

Ботас преговара со Рено?

Мерцедес планира да го замени Ботас со Расел во 2021 година
Dik 300x250 mk

Енстон, 22 мај 2020 (МИА) – Според последните гласини, Валтери Ботас е еден од кандидатите за испразнетото место во Рено. Се тврди дека менаџерот на финскиот возач преговара со тимот и можно е тој да седне во автомобилот, од кој ќе стане Даниел Рикардо на крајот на годината.

Не треба да заборавиме дека постојат сомнежи за стабилноста на односите меѓу Ботас и Мерцедес откако тој се приклучи на шампионскиот тим во 2017 година, но сега ситуацијата е навистина динамична и има непознати.

Договорот на Валтери со „сребрените стрели“ отсекогаш бил од година во година, што допринесува многу на гласините.

Според германските медиуми, Дидие Котон, менаџерот на Ботас, имал разговор со Сирил Абитбул од Рено, но што тие си рекле едни на други и дали тоа воопшто е точно, не е јасно. Се вели дека Валтери не е единствениот потенцијален кандидат за позицијата – Фернандо Алонсо е исто така едно од имињата споменати во врска со тимот од Енстон. Постојат гласини и за Себастијан Фетел.

Тото Волф е категоричен дека се уште е рано за Мерцедес да ги објави возачите за следната година.

– Одлуката на некои други тимови толку рано да ги објават своите возачи за 2021 година ме изненадува, бидејќи тоа нема да им донесе ништо друго освен главоболки оваа година, вели Волф.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа