Утрински Весник
Спорт

Ботас на пол-позицијата во Мексико, Хамилтон пред Ферстапен

Ботас на пол-позицијата во Мексико, Хамилтон пред Ферстапен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мерцедес го освои првиот ред на стартот во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Мексико. Пол-позицијата ја освои Валтери Ботас со време 1:5.875 минути. Финецот во Мексико ја освои 19. пол-позиција во кариерата.

Ботас доминираше во третата квалификациска сесија. Најдоброто време го постави на седум минути до крајот. Веднаш зад него, беше актуелниот светски првак, Луис Хамултон.

Потфрлија, во квалификациите возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен заврши на третото, а домашниот миленик, Серхио Перез на четвртото место.

Третиот стартен ред го формираа Пјер Гасли од Алфа таури и Карлос Саинц од Ферари. Меѓу првите десет трката ќе ја стартуваат уште Даниел Рикардо (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Јуки Цунода (Алфа таури) и Ландо Норис (Мекларен).

Цунода го освои деветтото место, но ќе стартува последен, бидејќи го смени моторот. Деветти ќе биде Норис, а десетти Себастијан Фетел.

Траката за Големата награда на Мексико, утре вечер ќе започне во 20 часот.

> Ботас на пол-позицијата во Мексико, Хамилтон пред Ферстапен <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата