Утрински Весник
Спорт

Бостон Селтикс лесно до брејк во Мајами

Кошаркарите на Бостон го совладаа Мајами на гости (127:102) и со тоа израмнија на 1:1 во финалната серија од Источната конференција. Најавија „брејк“ на крајот од првата четвртина, со серија од 17:0 и го потврдија во следната четвртина.

Селтикс продолжија да ја зголемуваат предноста, а во еден момент имаа и 34 поени предност. Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Џејсон Тејтум со 27 поени, пет скока и пет асистенции.



Добро друштво му правеше и Маркус Смарт, кој постигна 24 поени, а имаше и 12 асистенции и девет скока. Исто толку поени постигна и Џејлен Браун, кој имаше и осум скока.

Џими Батлер беше најефикасен на натпреварот со 29 поени, но, сепак, тоа не им помогна на „жешките“ на овој меч. Изостана помошта од неговите соиграчи. Гејб Винсент и Виктор Оладипо постигнаа по 14 поени, а двоцифрен беше и Тајлер Хиро кој постигна 11 поени.

Серијата сега се сели во Бостон, а следниот натпревар е на програмата в недела од 02.30 часот по средноевропско време.

> Бостон Селтикс лесно до брејк во Мајами <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027