Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Бостон ги победи Л.А. Клиперс по две продолженија

Бостон ги победи Л.А. Клиперс по две продолженија
Img 7972

Бостон, 14 февруари 2020 (МИА) – Бостон ги совлада гостите Л.А. Клиперс со 141-133 по две продолженија во дуел од регуларната сезона во НБА.

По 48 минути, дуелот заврши 114:114, при што Кемба Вокер испушти на домаќините да им ја донесе победата со сирената.

Пп првото продолжение повторно немаше победник – 127: 127, со тоа што Бостон повторно го имаше последниот напад, но Џејсон Тејтум не успеа да постигне кош на 1,8 секунди пред крајот.

Во второто продолжение домаќините направија серија од 9:2 и поведоа со 141:132, што се покажа како клучно.

Тејтум заврши со 39 поени и 9 асистенции за победниците,

Маркус Стјуарт додаде 31 поен, а Гордон Хејворд имаше 21 поен и 13 скокови.
Бостон забележа осми успех во последните десет натпревари.

За Клиперси најдобар беше Лу Вилијамс со 35 поени, 8 асистенции и 6 скокови. Каваи Ленард додаде 28 поени и 11 скокови, а гостите запишаа втор последователен пораз.

Во вториот меч за вечерта, Оклахома Сити победи на гостувањето кај Њу Орлеанс со 123:118, а најзаслужен за неа беше Данило Галинари, кој реализираше 29 поени.

Зајон Вилијамсон постигна 32 поени за домаќините, но тоа не беше доволно.

Пласман во НБА:

Источна конференција:

Атлантска Дивизија: Торонто 40 победи / 15 порази, Бостон 38/16, Филаделфија 34/21
Централна дивизија: Милвоки 46/8, Индијана 32/23, Чикаго 19/36
Југоисточна дивизија: Мајами 35/19, Орландо 24/31, Вашингтон 20/33

Западна конференција:

Северозападна дивизија: Денвер 38/17, Јута 36/18, Оклахома Сити 33/22
Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс 41/12, Лос Анџелес Клиперс 37/18, Феникс 22/33
Југозападна дивизија: Хјустон 34/20, Далас 33/22, Мемфис 28/26

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН