Утрински Весник
Спорт

Босна и Херцеговина никако да избере селектор – Бошњаци против Срби и Хрвати!

Босна и Херцеговина никако да избере селектор – Бошњаци против Срби и Хрвати!

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина останува без селектор поради несогласувањата на „национална“ база во Извршниот одбор на фудбалскиот сојуз на земјата, јавуваат босанските медиуми.

Главни кандидати за селектор се бугарскиот стручњак Ивајло Петев и поранешниот капитен на репрезентацијата, Сергеј Барбарез – за Петев се српските и хрватските членови на ИО, додека за Барбарез се бошњачките.

Од 15 членови на ИО, потребна е двотретинско мнозинство за да се избере селектор, но претседателот на сојузот, Елведин Беговиќ и бошњачките членови не сакаа да учествуваат во работата на стручната комисија која требаше да го предложи кандидатот. Комисијата, без Бошњаците го избра Петев како кандидат и сега утре следува нов состанок.

> Босна и Херцеговина никако да избере селектор – Бошњаци против Срби и Хрвати! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко