Утрински Весник
Спорт

Борусија подготвена да го продаде Санчо за 115 милиони фунти, Јунајтед не сака да ја плати таа сума

Санчо ќе заработува по 6 милиони евра на сезона во Дортмунд

Лондон, 11 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти својот тим доколку во Дортмунд стигне понуда од 115 милиони фунти, тврди „Телеграф“.

Главниот кандидат за 20-годишниот Санчо е Манчестер јунајтед. Сепак, англичаните се плашат во моментов да платат толку голема сума во сегашната ситуација. Манчестер ќе ги одреди целите за трансфери по продолжувањето на сезоната во Премиер лигата.

Претходно во медиумите имаше информации дека Санчо е вклучен во сферата на интересите на Реал Мадрид.

Во сезоната 2019/20, Санчо настапи на 40 натпревари за Борусија, постигна 20 голови и направи 18 асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале