Утрински Весник
Спорт

Борусија Дортмунд очекува финансиски загуби за сезоната 2019/20

Борусија Дортмунд очекува финансиски загуби за сезоната 2019/20
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дортмунд, 8 мај 2020 (МИА) – Бундеслигашот Борусија Дортмунд очекува финансиски загуби за сезоната 2019/20, откако забележа огромен пад на приходите за првите девет месеци од периодот.

Извршниот директор на германскиот клуб Ханс-Јоаким Вацке и бордот на директорите не дадоа конкретна прогноза за сумата, но предупредија за тоа во посебна изјава. Приходите на Борусија Дортмунд во третиот квартал паднаа на 1,1 милиони евра од 29,4 милиони евра претходната година. Продажбата падна на 79,8 милиони евра од 83,7 милиони евра во претходните 12 месеци.

Економската состојба во Дортмунд е поврзана со натамошните одлуки на германската влада и развојот на пандемијата на коронавирус.

Борусија Дортмунд е на второто место на табелата во Бундеслигата, која треба да се обнови на 16 мај по паузата поради пандемијата, но со натпревари без гледачи. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска